Едно лице загина, а три се повредени во тешката сообраќајна несреќа што вчеравечер се случи на обиколницата во Скопје. До несреќата дошло при судир на моторцикл со патничко возило од марката „опел корса“, пришто сопатничката на моторциклот им подлегнала на повредите на лице место.
„Вчеравечер на скопската обиколница се случи сообраќајна несреќа меѓу моторцикл „кавасаки“, управуван од Г.В. (45) од Трубарево и автомобил „опел корса“, управуван од Г.И. (49) од Горно Нерези. На лице место починала сопатничката на моторциклот, К.В. (40)“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Моторциклистот, возачот на „корсата“ и сопатникот во автомобилот се префрлени во градската општа болница „8 септември“.