Published: Sunday, March 17, 2019 00:52
Тешка сообраќајна несреќа се случи ноќеска на полноќ на влезот на Скопје во праваец кон населбата Ченто поради што е блокиран автопатот.
Три возила се целосно уништени во сообраќајната несреќа. Од фотографиите може да се види дека возилата се забиле во заштитната ограда на патот. На местото на несреќата се пристигнати две возила на Итната медицинска помош, но нема информација колку луѓе се повредени и дали има загинати.
Екипа на НОВА е на местото на настанот. Во моментот повредените се пренесуваат во болница, а полицијата врши увид за да се утврдат причините за тешката сообраќајна несреќа.





