Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тешки грешки кои не го спречија бриселскиот терористички напад

0
By Светлана Јовановска on March 24, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министрите за внатрешни работи и правда на Белгија, Јан Јамбон и Кун Гес, денес поднесоа оставка поради очигледни грешки направени во нивните служби и поради кои не е спречен терористичкиот напад во Брисел во кој, во вторникот, загинаа 31 лице и околу 300 лица беа повредени.

Премиерот Шарл Мишел не ги прифати овие оставки и побара од двајцата да останат на своите функции. Мишел сака да ги зајакне редовите во борбата против тероризмот и ветува дека секоја сенка од настаните ќе биде обелоденета.

Двајцата министри признаа дека се направени грешки во ова досие. Најголемата дојде до јавноста по изјавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Во посета на Романија тој во средата изјави дека Ибрахим Ел Бакрави бил уапсен на 15 јуни 2015 година во Турција, на 50 километри од Сирија. Турција го држела во затвор еден месец а потоа, на негово барање, бил испратен во Амстердам.

Турција тврди дека и Брисел и Хаг биле на време информирани за овој настан како и за тоа дека Ел Бакрави е опасен и Анкара се сомнева дека тој е џихадист. Очигледно ни Белгија и Холандија не презеле ништо по овие информации дадени на нивните амбасадори во Анкара.

И тоа не е се во пропустите на Белгија. Ел Бакрави и е добро познат на белгиската полиција. Бил осуден на 10 години затвор во 2010 година за кражба и отворање оган кон полицијата но потоа бил условно ослободен иако затворот дал негативен извештај за него и се сложил со ослободувањето. Во поставените услови Ел Бакрави морал да се јавува секој месец во полиција и имал забрана да престојува повеќе од еден месец во странство.

Ел Бакрави ова го почитувал се до јуни 2015 година кога исчезнал од радарите на власта. Потоа е уапсен во Турција на сириската граница и испратен во Амстердам. Но, ниту една служба не повикала барем на разговор.

Министерот за правда се бранеше во белгиските медиуми велејќи дека врските на Ел Бакрави со тероризмот не биле во тој период утврдени. Еден месец по неговото враќање од Амстердам во Белгија, белгиската правда забележува дека тој не ги почитувал условите на ослободувањето од затвор. И покрај сето ова, Ел Бакрави останал на слобода и на 22 март се разнел во бриселското метро.

Министерот за правда призна дека неговите служби направиле голема грешка и поради тоа поднел оставка. Слично признание дојде и од министерот за внатрешни работи.

И тоа не е се. Израелскиот весник Харец тврди дека “белгиските безбедносни служби поседувале прецизни предупредувања во врска со можен терористички напад за овој вторник. Службите на безбедност знаеле, со голема прецизност, дека напади се планираат за блиска иднина и дека се однесуваат на аеродром и метро”.

Харец е добро информиран медиум а негов извор е израелската тајна служба Мосад

Грешките во безбедносните служби предизвикаа вистински шок кај политичките партии во Белгија кои денес одлучија да формираат парламентарна анкетна комисија која ќе се задлабочи во нападите и пропустите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.