Суд во Азербејџан денеска осуди три лица на доживотен затвор и уште 26 лица на повеќегодишни затворски казни поради планирање напад за време на минатогодишниот Избор за песна на Евровизија.
Извор од Судот за тешки кривични дела во Баку изјави дека три азербејџански државјани се осудени на доживотен затвор, додека останатите обвинети се осудени на затворски казни во траење од девет до 15 години.
Досега најмалку 36 лица се осудени за планирање на нападот за време на Евросонгот, чиј домаќин во мај 2012 година беше Азербејџан, откако пртеходно за истото дело беа осудени уште седум лица.
Министерството за внатрешни работи на Азербејџан тврди дека спречило обид за изведување терористички напади за време Евровизијата и дека се уапсени околу 40 осомничени