Познатиот кошаркар и претседател на кошаркарскиот клуб “Партизан” Предраг Даниловиќ, е тешко повреден, ноќеска, по два часот по полноќ во еден ресторан на Кошутњак, јавува српски „Блиц“.
Даниловиќ бил префрлен на Ургентниот центар, каде се констатирани повреди од нож на стомакот, рацете и главата. Тој е опериран и е во стабилна состојба.
Сепак, Даниловиќ не сакал да објасни како е повреден, ниту пак да го каже името на лицето кое го нападнало, одбивајќи да даде изјава на полицијата која дошла на местото на настанот.