Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТИ: Кампањата на ДУИ ја плаќале општините, ВМРО ДПМНЕ оперирале со каса прими

0
By Сашка Цветковска on April 29, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Транспаренси Интернешнл – Македонија ќе поднесе неколку кривични пријави против организаторите на кампањите на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ поради сомнежи за изборни злоупотреби и за овогодинешните кампањи за претседателските и предвремените парламентарни избори, но и за ланските локални избори.

-Пријавите воглавно се однесуваат на незаконско плаќање на трошоци за изборните кампањи, како плаќање во кеш и користење средства на локалните самоуправи и јавните претпријатија за партиски цели, вели Слаѓана Тасева, претседател на македонскиот огранок на Транспаренси Интершнл.

Транспаренси Интернешн обелоденија документи кои покажуваат дека огранокот на ВМРО ДПМНЕ на 26 Март годинава во Прилеп платиле во кеш, односно со каса-прими трошоци за местење бина во Прилеп за митинг на партијата. Тасева вели дека со ова е прекршен член 71 од Изборниот законик според кој сите трошоци за кампањата мора да се исплаќаат од сметката на партијата која е специјално отворена за изборите. Невладината ги добила овие информации на барање за слободен пристап до информации лично од одговорните во претпријатието, кои сакајќи да покажат дека јавното претпријатије не работел без пари, им ги дале сите фактури и копии од каса-прими документот.

Служејќи се со законот за слободен пристап до информации, а сакајќи да провери обвинувања на ДПА кон ДУИ изнесени на митинг годинава, Транспаренси Интернешнл на истиот начин добила потврда од општината Студеничани дека за време на локалните избори во Фебруари 2013 општината платила фактури за компјутери по, според нив, „наредба за плаќање од Артан Груби од ДУИ“.

Општина Студеничани на Транспарентност им испратиле две фактури кои, според нив, биле пратени од Груби, а со кои се нарачувале компјутери. Во прилог на фактурите дополниле дека за овие нив немало склучено договор за јавна набавка, а ја испратиле и електронската порака од Артан Груби, шеф на изборната кампања на ДУИ, во која тој го пишал следново:

„Во прилог ти праќам 2 фактури и те молам ако може општината да ги покрива. Секоја општина ни помагала со ист износ, обезбедувајќи големи знамиња, компјутер, големи телевизори за прес конференција, говорници, микрофони, мискета и др.“, пишал Груби до општината, според маилот кој им бил препратен на Транспарентност Интернешнл.

Артан Груби за НОВА вели дека тие остануваат на истиот став од пред две недели – парите биле потрошени за манифестацијата „Ден на кечето“. Останува нејасно за која цел биле компјутерите за оваа манифестација, за која во медиумите може да се најдат податоци дека прославата била одржана во Албанскиот театар, институција која располага со соодветна опрема за одржување вакви манифестации.

“Овие случаи покажуваат дека Република Македонија се уште нема поставено цврсти механизми за следење и заштита од ваков тип злоупотреби, што е загрозувачки за демократскиот развој на државата, бидејќи не може да се говори дека изборната кампања била фер и условите биле подеднакви за сите учесници“ – изјави претседателката на ТИ-М, Проф. Д-р Слаѓана Тасева.

ТИ-М во рамките на својата работа ќе поднесе и известувања за сите овие случувања до Државната Изборна Комисија, до Државната Комисија за Спречување на Корупцијата, до Државниот Завод за Ревизија, а ги потсетува јавните обвинители дека во некои од случаите станува збор за кривични дела кои се гонат по службена должност






Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
ФОКУС

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

ВЕСТИ October 31, 2025

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска во разговорите на високо ниво во Малезија изјави…

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.