Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТИ: За граѓаните на Македонија – партиите најкорумпирани

0
By Нова ТВ on June 25, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓаните во Македонија, Хрватска и Србија на политичките партии гледаат како нај корумпирани од дванаесетте јавни институции кои што беа тестирани, според Глобалниот Барометар на корупција за 2013 година, кој што треба да се објави ова лето, известува Транспаренси Интернешнл-Македонија.

Во делот од извештајот објавен денеска се повикуваат Хрватска, Албанија, Косово, Македонија и Србија да го направат потранспарентно финансирањето на партиите.

Извештајот „Купување влијание: Парите и изборите на Балканот”, предупредува дека недостигот на јавна доверба во политичките партии му се заканува на демократскиот процес на Балканот.

Во Македонија, Косово и Србија веродостојноста на извештаите на политичките партии е оценета како најслаба од сите проценети области, се наведува во извештајот на меѓународната организација.

Според овој критериум, Македонија се најде на претпоследното место во регионот во категоријата на земји со недоволно веродостојни финансиски извештаи од политичките партии за финансирање на предизборните кампањи. Во истата категорија на последно место е Косово.

Пред Македонија се најдоа Србија и Хрватска, кои се во повисоката категорија со просечна веродостојност на финансиските извештаи од политичките субјекти.

Истражувањето на „Транспаренси“ дополнително утврдило дека во Македонија и Србија никогаш не биле казнети политички партии за непочитување на правилата за финансирање на предизборна кампања.

„Одредени политички партии во Македонија на нивните интернет страници објавуваат информации за финансирањето на изборните кампањи, но само една политичка партија даде директен одговор на барање за информации за нејзиниот извештај во текот на истражувањето“ се наведува во извештајот.

Ефикасноста на контролата на финансирањето е проценета како просечна, но во примената на истата, Македонија повторно се најде на последно место во споредба со другите земји во регионот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.