Се прелеа Тиквешкото Езеро, втората по големина вештачка акумулација во државата.
Во моментов преку преливната шахта на езерото излегуваат девет метри кубни вода во секунда.
– Иако акумулацијата Тиквешко Езеро се празни преку производството на електрична енергија во хидроцентралата „Тиквеш“, големата количина на вода која преку сливот на реката Црна доаѓа во акумулацијата во моментов не може да се преработи и се прелева потврди Илија Темелковски, технички директор во Водостопанство „Тиквеш“-Кавадарци.
Надлежните предупредуваат дека поради високото ниво на водата во реката Црна можно е да дојде до поплавување на земјоделските површини од двете страни на реката