Тина Иванова: Тогашната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, злоупотребувајќи ја позицијата и моќта, којашто, за жал, толку често во историјата ги завела и измамила луѓето, искривувајќи им ја сликата за реалноста, без никаква основа, повторувам, без ниту една основа и пронајдена недоследност или неправилност во работењето, нешто, коешто сега веќе и институционално се докажа, но, она што има поголема тежина за мене, е тоа што и без трошка емпатија и човечност, се обиде да го осквернави моето достоинството и да стави дамка на моето име и презиме и на целото мое семејство. Со тој потег, потпирајќи се на позицијата, таа го впери прстот на јавноста кон мене. Но, и покрај тоа, оние коишто ме познаваа, сите мои сакани, сите мои искрени пријатели, сите луѓе коишто веруваа во мене, знаеја и тогаш дека е во прашање една голема небулоза и тенденциозна манипулација. Денес стојам пред сите нив и чесно и гордо им соопштувам дека мојата чесност и достоинственост денес и официјално победија. Јавно им се заблагодарувам за укажаната доверба и поддршка. Оваа победа ви ја посветувам вам! 1 Линк 2 Линк
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.