Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТИРЗ во првиот квартал со највисока економска активност за четири години

0
By Нова ТВ on April 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според месечната анализа на Дирекцијата за технолошко-индустриски зони (ТИРЗ), регистрирана е највисока економска активност во технолошко индустриските зони  во првиот квартал, во последните четири години во однос на извозот и увозот.

Во првиот квартал од 2021 година, според анализите на ТИРЗ, извозната активност во индустриските зони под надлежност на Владата достигна износ од 776 милиони евра што е за 30 проценти повеќе од истиот период во 2020 година. Во однос на 2018 година порастот е над 41 отсто, а на месечно ниво, извозната активност во март 2021 година е највисока во изминатите четири години и достигна ниво од 260 милиони евра, што е за 67 милиони повеќе од истиот месец во 2020 година.

-Во однос на увозот  регистрирано е највисоко ниво досега во однос на споредбата по квартали во изминативе четири години. Така увозот во првиот квартал од годинава достигна 736 милиони евра и е за 34 проценти повисок од првиот квартал лани, а дури за 50 отсто повисок споредено со првиот квартал во 2018 година, се вели во соопштението.

Од ТИРЗ информираат дека највисоко ниво на учество во севкупниот увоз досега е регистриран во зоните во март, односно 36 проценти, како и дека месечниот увоз во ТИРЗ во 2021 година го надминува месечниот увоз за ист период во изминатите четири години. Спореде анализата тоа се 243 милиони евра односно 87 милиони повеќе од истиот месец лани.

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски најави нови странски инвестиции, а вели дека трендот на раст на увозот е поврзан со зголемената инвестициска активност во зоните.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.