Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Титан“ ги троши последните количини воздух

0
By Соња Крамарска on June 22, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе од три дена по исчезнувањето подморницата „Титан“ во Атлантикот, надежта за преживување на петте исчезнати авантуристи згаснува. Ним полека им снемува кислород. Имено резервите би требало да истечат денеска, се разбира доколку подморницата претходно воопшто не била оштетена.

Потрагата ја предводи американската крајбрежна стража а во своевидната трка со времето за спасување на патниците на малата подморница, која исчезна во близина на потонатиот брод „Титаник“ се вклучени повеќе бродови и авиони, како американски така и канадски.

Контактот со подморницата е изгубен еден час и 45 минути откако таа се нурна во неделата попладне. Како што е наведено на веб-страницата на компанијата „ОушнГејт“, станува збор за подморница долга 6,7 метри и тешка повеќе од десет тони, која може да нурне до длабочина до 4.000 метри. Има камери, светла и скенери за истражување на околината. Во подморницата има и залиги со кислород за 96 часа престој во пловилото.

Американската крајбрежна стража проценува дека резервите на кислород на патниците во подморницата би можеле да истечат во 7 часот и 18 минути по нивно време, односно во 13 часот и 18 минути по средноевропско време.

Спасувачките тимови нагласија дека мора да останат оптимисти, па во потрагата денеска ќе се приклучат уште десет бродови и подморници на далечинско управување.

Областа за пребарување беше проширена откако се слушнаа звуци во вторникот и во средата. Потрагата сега опфаќа површина двојно поголема од државата Конектикат и оди на длабочина до 4 километри.

Звуците не се идентификувани и не се знае со сигурност дали дошле од подморницата.

Матичниот брод на подморницата „Полар принц“ е командно место на потрагата, а се наоѓа на локацијата каде што потона „Титаник“.

Денеска во текот на денот роботски возила опремени со камери ќе го пребаруваат морското дно.

 

 

„Титан“ кислород
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.