Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Титаник 3: Алими преку Фатиме Фетаи му се заканувал на обвинителот Бубевски

0
By Нова ТВ on January 24, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 24, 2019 12:50

Судењето за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година „Титаник 3“ е одложено за 22 февруари за да се вложат дополнителни напори за обезбедување на еден од клучните сведоци во постапката предложен од СЈО.

Судијката Оља Ристова на денешното рочиште рече дека судот смета дека не се преземени сите мерки за пронаоѓање на сведокот Б.С. и дека е потребно да се вложат дополнителни напори со оглед дека одбраната доставила доказ, оригинален извод дека е мажена со адреса на живеење во Германија.

– Не е вложен доволно напор од државните органи. Судот ќе испрати уште една ургенција со назнака „итно“ до органите. СЈО се задолжува да направи напори да го обезбеди сведокот за следната главна расправа, изјави судијката Ристова, образложувајќи ја одлуката на судот да се одбие предлогот на СЈО за читање на исказ даден од сведокот пред јавен обвинител во истражна постапка.

Во „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Во расправија меѓу одбраната и обвинителите од СЈО околу обезбедувањето на сведокот, обвинителката Фатиме Фетаи откри дека имало закани за нејзиниот колега Гаврил Бубевски.

Адвокатот на Ејуп Алими, Мефаил Арслани, прво рекол дека се поревносни од СЈО бидејќи обезбедиле докази дека сведокот се наоѓа во Германија, каде е мажена и со адреса на живеење.

Бубевски искоментирал: „Да, добри сте и кога ми се заканувате“, пренесе СДК.мк.

„Кој ви се заканувал“, праша адвокатот.

Тогаш, Фетаи му рече на адвокатот: „Па ти беше тој што ми ја пренесе заканата дека „ти си наша ти, може лесно да поминеш, ама на тој каурот ќе му ја расплачеме фамијата’“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026

Невреме во Хрватска – затворени училишта, паднати дрвја, навеви снег, колапс на јавниот превоз

March 27, 2026

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026

Хрватска со итни мерки за нафтната криза

March 21, 2026
ФОКУС
March 30, 2026

Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси

ВЕСТИ March 30, 2026

Почитувани граѓани на Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, сите!

САД: „Власта му припаѓа на народот“, „Без кралеви“, … – протестни пораки до Трамп

March 29, 2026

Кочани: Нов марш за Ангелите

March 28, 2026

ЕБОР: Македонија меѓу најзагрозените од блискоисточната војна

March 28, 2026
ТИКЕР

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026

Невреме во Хрватска – затворени училишта, паднати дрвја, навеви снег, колапс на јавниот превоз

March 27, 2026

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026

Хрватска со итни мерки за нафтната криза

March 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.