Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Титаник“ го смени курсот

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 12, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Признание на вина за изборни малверзации, на двајца министри од време на владеење на ВМРО ДПМНЕ и генерален секретар на партијата, е потврда за заробена држава, во која демократските институции не можеа да фунцкионираат на нормален начин.

Тоа што до вчера го тврдеше обвинителството, за случајот „Титаник“, го признаа двајцата поранешни министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, поранешниот генерален секретар на партијата Мартин Протугер.

Тие во Судот се извинија и признаа дека се виновни за тоа што ја злоупотребиле власта и службените позиции за да манипулираат со изборите. „Титаник“ беше првата истрага на СЈО, која обвинитeлството ја отвори во февруари 2016 година. Обвинението кое содржи илјадници материјални докази и прислушувани разговори, како и стотици сведоци, беше поднесено во јуни 2017 година.

Многу опструкции, несоработка од институции, па и помилување од страна на тогашниот претседател на државата Ѓорге Иванов, беа само камен на сопнување за да има разрешница на обвиненијата.

Јавноста жедна за правдина како да изгуби надеж, оправдана беше критиката дека судовите ги одложуваат процесите против одредени чувствителни политички личности, не одлучувајќи по барањата на обвинителството.

Првото судско рочиште за овој случај се одржа една година подоцна на 2 април 2018 година.

По шест години, еден од најобемните случаи на поранешнот СЈО, вчера доби пресврт. Од вкупно 21 обвинет, осуммина од групата, признаа вина некои целосно, некои делумно и тие пресудата ќе ја слушнат за неколку дена. Ќе продолжи да им се суди на оние коишто се изјаснија дека не се виновни.

Сантата мраз во која удри „Титаник“ беа локалните избори во 2013 година, поточно гласањето во Струмица и местење на резултати во општина Чаир. Јавноста можеше да слушне, како министрите на ВМРО ДПМНЕ од позиција на моќ, давале наредби да се изманипулира прегласувањето и да се земе власта на локално ниво.

„Врхушката на ВМРО ДПМНЕ се организирала во злосторничкото здружување кое ги криминализирало изборите за да остане на власт на локално и на државно ниво“ – вака обвинителката на поранешното СЈО, Фатиме Фетаи пред 6 години години, ја нацрта шемата за случајот „Титаник“.

Организатор на групата е бегалецот Никола Груевски, обвинети се и Мартин Протугер,Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски,Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска според обвинителството строриле дела против изборите и гласањето преку криминалзиирање на изборниот процес.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.