Титаниум Лајон за Њу Момент
Маркетинг агенцијата Њу Момент од Скопје ја освои наградата Титаниум Лајон, една од наградите која се доделува на престижниот фестивал Кан Лајонс.
Ова признание агенцијата Њу Момент го освои за спотот “Заедничка молитва” кој беше дел од кампања на владата за промоција на верска толернција. На спотот за прв пат свештеници од христијанска и ислмамска вероисповест заединички го извршуваат чинот на молитвата.
Оваа награда по прв пат ја добива маркетинг агенција од Балканот во шесетгодишното постоење на овој фестивал.