Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТМ: Власта има огромен простор за самоволно задолжување

0
By Нова ТВ on May 17, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Транспарентност Македонија (ТМ), во својот редовен месечен извештај за состојбите во борбата против корупцијата и криминалот и состојбата со транспарентноста во општеството, ја повика Владата да го смени начинот на кој управува со јавниот долг, да го намали задолжувањето, но и изрази сомневање дека буџетскиот дефицит ќе биде поголем од планираниот.

Организацијата повикува да се усвојат препораките на Меѓународниот монетарен фонд за повторно воспоставување среднорочна фискална стратегија и стратегија за управување со долгот во креирањето на буџетскиот процес за 2014. ММФ минатиот месец, во рамките на постпрограмскиот мониторинг, истакна и дека „тоа би требало да ја зголеми транспарентноста на буџетот и да ја претставува рамката за приоритетите на трошоците“.

ТМ потсетува дека Владата повеќе не прави стратегија за управување со јавниот долг, туку води политика за него и истакнува дека иако „политиката за управување со јавен долг го вклучува максималното задолжување во тековната година, како и лимитот на јавниот долг на среден рок, се гледа дека ретроактивното донесување на одлука за тоа покажува дека не постои волја овие лимити стратешки да се одредат однапред.“

Ова, пак, според организацијата, му дава на Министерството за финансии огромен простор за арбитрарно и нетранспарентно донесување одлуки за задолжувањата, а ретроактивното носење одлуки на Владата за нивото на задолжување на годишно ниво (врз основа на која се издаваат државните хартии од вредност) за ТМ значи „легитимирање на задолжувањата кои се направени во текот на претходната година, според дневни потреби.”

Организацијата смета дека намерата со овие измени е јасна и со нив „се заобиколуваат стандардите кои овозможуваат потранспарентна и предвидлива буџетска политика“. Затоа, ТМ апелира „Владата да ги прифати и примени препораките на ММФ, најмалку до ниво на стандардот што постоеше до 2011 година, ако не и повеќе“ и со тоа да „покаже минимум одговорност за управувањето со парите на граѓаните.“

Организацијата потсетува дека со актуелното управување најавниот долг Владата веќе потроши 2/3 од проектираниот буџетски дефицит, кој изнесува 290 милиони евра, односно 3.5% од БДП.

– Со оглед на потребите на Владата за реализација на буџетот, но и на својата потрошувачка екстраваганца, веќе со сигурност може да се тврди дека овие 3.5% дефицит, до крајот на годинава, ќе се зголемат за уште 50% од тој износ и тоа најверојатно по минатогодишниот испробан модел – зголемување без ребаланс, односно без амин на Собранието – смета „Транспарентност Македонија“.

За ТМ трендот е препознатлив, а за тоа говорат постојаните задолжувања на Министерството за финансии преку издавање хартии од вредност. На крајот на март 2012 недоспеаните обврски од хартиите од вредност на Министерството изнесувале 361 милион евра. На крајот на март годинава тој износ е 910 милиони евра.

– Овој пораст не е планиран во никаква стратегија, ниту е дел од вообичаениот законодавен процес – заклучува „Транспарентност Македонија“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025
ФОКУС

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

ВЕСТИ October 3, 2025

Европратеници од четири политички групи во Европскиот парламент најавија дека ќе го поддржат претстојното гласање…

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025

Време: Зимата ја претрка есента

October 3, 2025
ТИКЕР

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.