Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај ТНТ: Процесот се одолговлекува-може сериозно да го наруши правото на фер судење

0
By Соња Трајковска on November 19, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Барањето на адвокатот Мерџан Даути, бранител на обвинетата Елисавета Најдовска во случајот за уривањето на комплексот „Космос“ познат како „ТНТ“ е класичен пример за одолговлекување на постапката и спречување на правото, рече денеска судијата Огнен Ставрев.

Тој го пренесе мислењето на Адвокатската комора дека според одредбите од Законот за адвокатура, за да може да ја извршува функцијата адвокатот, меѓу другото, треба и активно да го зборува македонскиот јазик.

Од Адвокатската комора, исто така, го информирале Судот дека ќе отворат дисциплинска постапка против адвокатот Димитар Дангов кој се откажа од застапување на Најдовска пред самиот крај на судењето.

-Евидентно е дека Димитар Дангов, Мерџан Даути и Елисавета Најдовска со направената промена имале намера за одложување или застарување на делото, изјави судијата Ставрев.

Фото: Фокус

Мерџан Даути, кој ја сега ја застапува обвинетата Најдовска вели дека Судот ја одолговлекува постапката.

-Да имаше преведувач, а знаеме дека во секоја институција има преведувачи, сметам дека доколку тие се ангажираат доказниот материјал и списите може да се преведат. Ако седиме така, нема да имаме такво нешто и овој предмет може да одоловлекува. Нема шанса да има одолговлекување на постапката 90 дена, за тие да се преведуваат, изјави денеска Даути.

Рече дека ако има покана од страна на обвинителот при Адвокатска комора ќе се произнесе доколку има нешто противзаконито.

-Нема да има ништо спорно во овој случај. Јас ниту сум избегал, ниту се повикувам на тоа дека не го знам македонскиот јазик.

Даути вчера во писмо до медиумите ја бранеше својата постaпка да бара целокупниот досегашен материјал во овие две години да биде преведен на албански јазик.

Тој негира дека не го зборува македонскиот јазик за што потсетува дека веќе се обраќал пред судот, но се повикува на членот 9 од Законот за употреба на јазиците во кој е регулирано дека во судските постапки покрај примената на македонскиот јазик се применува и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, односно албанскиот јазик. Исто така тој негираше и дека сето ова го прави за одолговлекување на постапката за делото да застари.

ТНТ е прв ваков случај

 

Ова е прв случај досега за кој досега е информирана Коалицијата Сите за правично судење (мрежа на 13 граѓански организации) која ги следи редовно судењата. Натали Петровска, извршна директорка на Коалицијата, за НОВА вели дека оваа околност може да настане во било кој од судските предмети, што би довело кон оддолжување на предметите.

-Токму во оваа насока алармираше и Венецијанската комисија која истакна дека законот сам по себе е за пофалба од причина што многу одредби од законот за јазици ги надминуваат европските стандарди дефинирани особено во Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици. Меѓутоа, под овие околности доколку се применува законот во целост, истиот значително ќе го забави функционирањето на целиот судски систем, што ќе доведе до сериозно нарушување на правото на фер судење загарантирано со Европската конвенција за човекови права, вели Петровска за НОВА.

Среќна околност во овој предмет, според Петровска е  фактот што овој случај за разлика од скорешните случаи не застарува наскоро, па оттука не би било целосно оневозможено идното постапување по него.

-Но секако дека би се изгубило време додека сите списи од предметот добијат превод и бидат дадени на одбраната, како истата би можела понатаму да постапува. На што само се надоврзува тезата дека одбраната има тенденција да го успори судењето, објаснува Петровска.

Но, случајот со адвокатот Даути, според Коалицијата Сите за правично судење може да биде проблем и во други предмети во судовите, бидејќи тие можат да се одложуваат додека правото на преведувач не е обезбедено за обвинетиот во постапката, повикувајќи се на Законот за јазиците кој предвидува дека граѓаните можат да употребуваат било кој од службените јазици во државата во судските постапки, а судовите, обвинителствата и другите органи, тела и институции, се обврзани да овозможат користење, употреба и примена на било кој од службените јазици и нивните писма во постапките. Поточно, во судските постапки, пред судовите, обвинителствата и другите институции се применува македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и јазикот на кој зборуваат најмалку 20% од граѓаните.

ТНТ- седуммина обвинети, две години и 39 рочишта

Судењето за случајот ТНТ започна на 24 јануари 2018, одржани се 39 рочишта, а седуммина се обвинети за злоупотреба на службената положба. Денешното рочиште се одложи за 25 ноември, поради полициска наредба за спроведување на еден од обвинетите, Миле Јанакиески, во ОЈО за гонење на организиран криминал каде треба да даде исказ.

Според обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

Четворицата првообвинети меѓу кои се екс премиерот Никола Груевски и екс министерот Миле Јанакиески се обвинети по член 353 став 3 од КЗ, а останатите по став 5.

Архива

Токму овој член и ставот 5 беа предмет на жестока дебата меѓу уставните судии минатата недела пво расправата дали да се прифати иницијатовата на адвокатот Еленко Миланов кој застапува голем дел од обвинетите екс функционери во предметите на СЈО.

Оспорени се два члена од измените на Кривичниот законик од 2004 и 2009 година. Со првите измени се воведува ставот 5 во членот 353, а со вторите измени се зголемува затворската казна од најмалку четири години на најмалку пет години затвор.

При тоа судот се подели на две мислења- половината од судиите Елена Гошева, Никола Ивановски, Јован Јосифовски и Осман Кадриу сметаат дека членот треба да се укине, додека претседателот на судот смета дека Уставниот суд не треба да се меша во казнената политика, која е во надлежност на Владата и Собранието. Дел од судиите побараа и експертско толкување, на што четворицата судии се спротивставија и го нарекоа понижувачко нив како уставни судии некој да ги советува.

За експертите случајот е дискутабилен од аспект на надлежноста на Уставниот суд да одлучува за ваков тип на прашања, но укажуваат дека „доколку биде укинат конкретниот став, според Коалицијата Сите за правично судење тоа би значело дека „започнатите постапки ќе треба да бидат преквалификувани и заведени под друг став од истиот член, а со тоа и за нив ќе биде предвидена помала санкција“, велат од Коалицијата сите за правично судење.

Денеска на оваа тема расправа на колегиумот на Уставниот суд, пред да се закаже расправа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.