Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Половина од уставните судии бараат помали казни за случаите на СЈО

0
By Нова ТВ on November 13, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 13, 2019 18:03

Уставниот суд, на денешната расправа се подели за тоа дали треба да се прифати иницијативата за оценување на уставноста на членови од измените на Кривичниот законик од 2004 и 2009 година кои се однесуваат на злоупотреби на службената положба и овластување.

Со иницијативата што лани ја поднесе адвокатот Еленко Миланов оспорени се два члена од измените на Кривичниот законик од 2004 и 2009 година. Со првите измени се воведува ставот 5 во членот 353, а со вторите измени се зголемува затворската казна од најмалку четири години на најмалку пет години затвор.

Четворица од деветмината судии – Елена Гошева, Јован Јосифовски, Никола Ивановски и Осман Кадриу, како што објави порталот СДК.мк  побарале веднаш да се прифати иницијативата и да се расправа за уставноста, застанувајќи во одбрана на функционерите осомничени во дела за злоупотреба на Буџетот. Според нив, казната од минимум 5 години затвор е превисока и вината треба да ја сносат членовите на комисиите за јавни набавки.

-Знаеме кој ја врши постапката за јавни набавки, тоа се комисиите. Министерот и не знае кога има јавна набавка, рекол судијата Ивановски, со што се согласила и Гошева.

За разлика од нив, новиот претседател Сали Мурати, кому ова му беше прва седница по изборот за претседател на Уставниот суд, се изјаснил дека нормата треба да остане, бидејќи креирањето на казнената политика е работа на Владата и на Собранието и не треба да се мешаат во тоа.

– Јас не гледам непрецизност во одредбата. Оваа норма не е тазе норма, уште од 2004 година е. Се работи за големи злоупотреби на средства на граѓаните. Замислете да ја нема оваа одредба. Што ќе биде? Секаде во светот, располагањето со буџетските пари на граѓаните е содржана во најтешките кривични дела. Овие норми и тоа како се потребни во земјите во транзиција. Ако ја олабавиме казната, бројот на овие кривични дела уште толку ќе се зголеми, рекол Мурати кој во овој контекст прашал: „А зошто невин да се плаши од оваа норма? Се плаши само виновен функционер“.

Судијата Дарко Костадиновски побарал да се консултираат експерти на што жестоко се спротивставиле Јосифовски и Гошева, според кои „срамота е експерти да им кажуваат на уставни судии како да одлучат за оваа иницијатива“. За Јосифовски дури не е потребен ниту колегиум за да одлучи, бидејќи од оваа одредба не е прецизна и дава судиите слободно да толкуваат и да им се одмаздуваат на обвинетите службени лица.

Најголем дел од екс функционерите се обвинети за вакво дело

Миланов е адвокат на екс премиерот Никола Груевски и екс министерот Миле Јанакиески. во дела кои за нив ги покрена СЈО, а сега во надлежност на ЈО.

Овој член всушност се однесува на најголем дел од предметите на СЈО: „Титаник“, „Титаник 2“, „Тенк“ „Таргет-Тврдина“, „Транспортер“, „ТНТ“, „Трезор“, „Транспорортер“, „Топлик“, „Тендери“, „Тарифа“, „Траекторија“ во кои обвинети се повеќе функционери од поранешната власт: Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков, Toни Јакимовски, Горан Грујевски и Небојша Стајковиќ, Владимир Талески,  Елизабета Канческа-Милевска, Дејан Бошковски, Владимир Пешевски и други.

Костадинов: Адвокатите на Груевски поднеле иницијатива -бараат амнестија

Веднаш по поднесувањето на иницијативата, уставните судии побараа мислење од Владата. Тогаш Владата му предложи на Уставниот суд да не ја прифати иницијативата „со цел да се оневозможи избегнување одговорност за сторени кривични дела од страна на високи функционери за кои се води постапка од страна на Специјалното јавно обвинителство“.

Што ќе значи укинување на 353 став 5 од КЗ за случаите на СЈО

Од Коалицијата Сите за правично судење, коментирајќи ги денешните случувања, за НОВА велат дека се работи само за расправа во поглед на предвидената санкција за конкретното дело, а не за постапка за укинување на одредени членови од КЗ.

Но, за нив, случајот е дискутабилен од друг аспект- надлежноста на Уставниот суд да одлучува за ваков тип на прашања.

Доколку биде укинат конкретниот став, според Коалицијата Сите за правично судење тоа би значело дека „започнатите постапки ќе треба да бидат преквалификувани и заведени под друг став од истиот член, а со тоа и за нив ќе биде предвидена помала санкција“.

Гласањето дали да се прифати иницијативата на Миланов и со тоа ќе паднат предметите за злоупотреби, уставните судии го одложија за следната седница. Уставниот суд го сочинуваат девет судии и одлуките се носат со мнозинство.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.