Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тодоров:Не само кожни фотељи, директорите треба и да работат

0
By Нова ТВ on June 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорите кои не биле затекнати на работните места во петокот при инспекциските контроли, ќе бидат повикани на разговор во Министерството за здравство.

Министерот Тодоров од нив ќе побара да му објаснат зошто не биле на работа кога дошле контролите.

Доколку немаат оправдана причина за нивното отсуство директорите ќе бидат казнети парично, а тие пак се должни да поведат дисциплински постапки за вработените кои исто така не го почитувале работното време и не биле затекнати на работа кога дошле инспекторите од ДСЗИ.

Вината за неодговорно однесување на вработените Тодоров ја гледа кај директорите.

-Не само да седат во удобни кожни фотељи, туку да бидат на своите работни места и да се посветат на работата. Доброто однесување на директорот е добар пример за вработените, а негативниот се одразува лошо и на однесувањето на лекарите изјави Тодоров.

Инспектори на ДСЗИ во петокот при крај на работното време ненајавено влегле во неколку клиники, а во три од нив не ги пронашле директорите на своите работни места, како и дел од вработените. Непочитување на работното време имало на Клиниката за кожни болести,за ревматологија и гастроентерохепатологија.

Поради ваквото неодговорно однесување Државниот инспекторат ќе ги засили контролите во јавните здравствени установи.

Покрај работното време, ќе се проверува и дали здравствените организации, вклучувајќи ги и приватните, ги обновиле дозволите за работа, обврска која треба да ја завршат најдоцна до 29 јуни.

Фондот за здравство со оние кои нема да го испочитуваат законскиот рок, нема да склучува договори, а може да ја изгубат и дозволата за работа.

Досега од околу 4.000 здравствени установи само 700 поднеле барања до министерството, за обновување на дозволата за работа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.