Ми се закануваат дека ќе ме избришат од списокот на толкувачи во Сојузот на глуви доколку им помагам на глувите кои протестираа, за да можат да се разберат. Еден од толкувачите ексклузивно за НОВА раскажа за притисоците кои ги трпи тој и глувите, за заканите и малтретирањето на кои се изложени овие луѓе од страна на како што велат, раководството во Сојузот. Од разбирливи причини го заштитивме неговиот идентитет.
Од друга страна глувите денеска немаа можност да одлучуваат за избор на претседател, кој ќе го води Сојузот во иднина бидејќи седница воопшто не одржа. Пред Даре Џамбаз се собраа глуви од цела држава. Екипата на НОВА заедно со нив се упати кон канцеларијата на претседателот Васко Марков.
Сакавме да го прашаме на што се должи незадоволството на овие луѓе, дали се вистина обвинувањата упатени на негова адреса, но ни беше речено дека Марков не е во неговата канцеларија. Телефонски ни беше овозможено да разговаравме со генералниот секретар на Сојузот.
По ова тие се упатија кон народниот правобранител каде поднесоа преставка за работењето на Сојузот и неговиот претседател Васко Марков.