Поранешниот британски премиер Тони Блер, прифатил да биде советник во идната влада во Албанија, пишува лондонски „Дејли телеграф. Албанските парламентарни избори се закажани за 23 јуни.
Весникот пишува дека Блер ќе работи како консултант на албанската социјалистичка партија и на нејзиниот лидер Еди Рама, веднаш по парламентарните избори во Албанија.
Договорот меѓу Блер и социјалистите бил направен во Лондон минатиот месец.
Именувањето на Блер за советник доаѓа по неговите слични такви мисии во уште неколку земји во светот, како Бразил, Колумбија, Казахстан и Кувајт.