Потврдена е смртта за шест лица, а 37 се здобиле со повреди по ударот на разорните торнада во американската држава Илиноис.
Како што јавува Би-Би-Си регистрирани биле 65 торнада, кои биле последица на поројните дождови и силни ветрови, како и електричните празнења.
Најтешко е погодено градчето Вашингтон во Илиноис, каде има еден загинат, а околу стотици куќи биле уништени. Во областа Пеорија уништени се неколку помали населби.
Спасувачките екипи стравуваат дека бројот на жртвите е многу поголем. Во некои населби има прекин на електрична енергија и гас.