Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тошковски: Од 1 јануари трајно ќе се одзема возилото доколку се управува безобѕирно

0
By Marija Todorovska on June 11, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сејв сити системот ќе биде во функција од 1.1.2026 година и оние кои што сметаат дека можат да изиграваат нинџи на улиците во Скопје и на улиците низ македонските автопатишта, односно безобѕирно ќе управуваат моторно возило, трајно ќе се одзема возилото и од утредента ќе биде ставено во функција на Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјала, детска градинка Цветче итн., изјави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во гостување на МРТВ, Тошковски посочи дека казните за сообраќајните прекршоци ќе се добиваат на мобилен телефон и појасни дека доколку се работи за мал прекршок ќе треба да се плати само паричен надоместок, доколку е поголем прекршок, тогаш ќе треба да се оди на суд каде би била изречена и забрана за управување.

 На мобилен телефон ќе ви стигне порака дека сте направиле прекршок на тој и тој ден, „ве молиме упатете се до Министерството за внатрешни работи доколку сакате да ги добиете доказите или кликнете на веб страницата доколку сакате да ја видите сликата што ја имаме како доказ за вас“. Ќе се процесуира, доколку е мал прекршок ќе треба да се плати парична казна, ако е поголем прекршок ќе се оди на суд со забрана … Ме прашуваат „Ферари ако одземете што ќе направите со него“, велам ќе го дадеме на Детска градинка Цветче да се возат дечињата. Битно е дека ќе го одземеме возилото и тој што ќе управува безобзирно таков тип на моторно возило нема да го има повеќе, па да видиме со новото што ќе го купи пак ќе го прави истото, рече Тошковски.

На новинарско прашање поврзано со договорот кој Владата во мај годинава го потпиша за обновување на лиценца на софтвер за анализа на дигитални податоци, за кој опозицијата обвини дека ќе се користи за прислушкување, Тошковски рече дека лиценца за негово користење е добавена во 2021 година од неговиот претходник и дека софтверот не се користи за прислушкување, туку, како што појасни, се користи за екстракција на податоци од телефони во Одделот за форензика.

Не знам зошто опозицијата не може да сфати дека со вакви брутални лаги, ниски обиди за манипулација, нечовечен пристап онаму каде што треба да има човечен пристап, не може да добијат позитивна енергија кај македонските граѓани. Овој софтвер е дониран од нашите меѓународни пријатели во 2014-2015 година и лиценца за негово користење е добавена во 2021 година од мојот претходник. Сега ние кога ја набавуваме лиценцата, прават теза дека истиот ќе се користел за прислушкување. Овој софтвер нема врска со прислушкување, туку истиот се користи од Одделот за форензика во делот на екстракција  на податоци од телефони, рече Тошковски.

За бегството на поранешниот вицепремиер на државата Артан Груби, министерот вели „службеното патување на Артан Груби многу долго трае, но се надевам дека еден ден ќе заврши и ќе биде процесуиран од страна на органите на прогон“, додека пак, за бегствата на екс директорите на ЕСМ и Државна лотарија, Васко Ковачевски и Перпарим Бајрами, тој нагласи дека во иднина ќе има многу повеќе лица кои ќе бидат „кабает пред себе и македонските граѓани дека душмански и без осет го краделе македонскиот народ“.

Прашан за случајот со градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, која го обвинува градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу за 150 дивоградби на територија на општината, и дали Арсовска пријавила во МВР дека добивала закани МВР, Тошковски рече „таква пријава од страна на градоначалничката не е доставена до МВР, но доколку во меѓувреме има пријавено сигурен сум дека се преземени соодветни чекори“.

 Министерството за внатрешни работи постапува како по пријава од надлежни органи кои што констатирале дека има одредени неправилности во делот на градење или било која друга сфера од општественото живеење, особено постапува по наредби од страна на надлежен јавен обвинтел. Точно е дека имаме постапувано во однос на нелегални градби и во други општини, не само во Општина Чаир, но точно е дека имаме постапувано по однос на нелегални градби и во општината која што ја напоменавте. Така што, добро е кога некој си ја работи работата која што му е утврдена согласно закон и уште подобро би било доколку функционерите избрани на избори би ја работеле таа работа во текот на својот вкупен мандат, а не само во последните неколку месеци, рече Тошковски.

МВР сејф сити Тошковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.