Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Товариш Заев, сакаме поинаков концерт

0
By Биљана Секуловска on September 17, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Што се може да стори една Партија? Да пораѓа и закопува, да ги абортира и отфрли своите деца, да ги замезува и јаде секако, да биде родител, љубовница и пријател, во секој случај. Но, под одредени правила, само под строго запишани услови. Вредни за потсмев, зрели за презир.

Ригидна, беспоштедна хиерархија, наметнати авторитети, крути, со никаква фантазија зацртани правила. Членовите мора да ја почитуваат, беспоговорно да го слушаат лидерот, да се покоруваат, да замолчуваат, да се смалуваат или растат зависно од околностите, хировите, чизмата. На Партијата, на лидерот.

Така некако изгледа 1968 во тогашна Чехословачка, кога руските тенкови и пола милионска војска ја окупира и животот одеднаш завршува, барем за исто толку луѓе.

Кундера во еден свој расказ говори за пола милион луѓе кои се принудени да ги напуштат работните места и завршуваат распрскани насекаде. Уметници, филозофи, новинари, професори, интелектуалци.

Нежни души полни со страст, на таквите мора да им го исечете јазикот, да прочепкате подлабоко, за да го ампутирате гркланот, ископајте им ги очите за да не можат повеќе да читаат, сликаат, да не слушаат и да не гледаат, да ги исцрпите со лудило. Кој може тоа да го стори подобро од една партија?

Идејата е да престанат да говорат, а за тоа е потребно да завршат со мислењето.

Работат како чистачи по театри, депортирани по рудници, свињари во селски задруги, копаат канализации, исцрнете им ги прстите, засмрдете ги со ѓубрето кое секој ден во 5 часот наутро се принудени да го собираат, сомелете ги во фабричките машини.

Како вели Кундера- зборот интелектуалец се доживуваше како пцовка.

babuski

Педесет и нешто години подоцна, илјадници километри подалеку од денешна Чешка, партијата на Груевски систематски ги уништуваше интелектуалците.

Многу од нив беа деградирани, понижувани, клеветени, не добиваа соодветна работа или беа третирани како невидливи, беа бркани од работа, завршуваа на улица, тогаш кога некои компании се затвораа, а најчесто тоа е случуваше со медиумите.

Говорам исклучиво за луѓе кои одбиваа да молчат, кои ги критикуваа политиките на Груевски, кои отворено се спротивставуваа и јавно говореа.

Животот не им беше лесен на овие луѓе, секако дека им беше неподнослив. Особено на оние кои не можеа да најдат работа, а одбиваа да станат чистачи на улици.

Се разбира дека одбиваа. Зошто би требало да бидат чистачи? Затоа што така сака Груевски? Затоа што со него се согласуваат 2 милиони луѓе и не може да понудат друга опција, не е можно да се најде ниту едно работно место освен чистач?

Можеа и тоа го сторија- од се се збогуваа, продадоа се, иако во одличниот филм “Концерт” на Раду Михалеану, жената на главниот лик кој е диригент, одбива да го продадат пијаното, затоа што тоа е живот во мизерија. Можете да се отарасате од минатото лесно, но пробајте самоволно да се откажете од иднината.

За некого животот може да продолжи само ако знае дека пијаното е се што е тој, исто како што Партијата може да живее само ако стори се тој, како што е занесен и неискусен во новата професија, да ги заборави сопствените прсти низ дробилицата за ѓубре.

Токму затоа, кога оваа власт еднаш засекогаш ќе заврши , партијата која ќе дојде на власт мора да престане да биде се што се презира, кое се гледа со потсмев и побудува гадење.

Таа не смее да продолжи, како што е сега партијата на Груевски, да биде неприкосновено, единствено Биро за вработување, а во исто време касапница на борбени, бунтовни луѓе, крематориум за поинаквите, опонентите, критичарите.

Оттаму не смее да се гледаат, како сега што е случајот со партијата на Груевски, како висат свежи, заклани умови, таа не смее да произведува застарени, бајати и безлични клонови на Лидерот и да шири ужасна реа од која трули целата земја.

Идната власт, идната партија на власт на оваа земја мора едно да има на ум- дел од Чехословачка никогаш не можеше да продолжи како Чешка, ако го немаше Кундера. Ниту пак останатите земји во светот, оние со совесни граѓани ќе можеа да продолжат понатаму. Понекогаш едноставно не може да се истрпат секакви будалаштини. А камоли злосторства.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.