Александар Трајановски: Проектот за брз автобуски превоз (БРТ) беше блокиран пет години поради политички причини, наместо поради реални слабости.
Отпочнувањето на проектот во 2026 година, наместо во 2021, е доказ дека политиката не се води во интерес на граѓаните.
Во моите два мандати како советник во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не гласаше за отпочнување на БРТ. Денес, тие што беа против, се негови реализатори.
Проблемот не бил самиот проект, туку тоа кој го предложил и во чиј мандат требало да се реализира.
Одложувањето има и директна финансиска цена за граѓаните. Кредитот од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, земен во 2021 година, стоел неискористен, додека се плаќала камата од околу 330.000 евра годишно.
За пет години тоа се 1,65 милиони евра, што е еквивалент на шест нови електрични или девет класични автобуси.
Станува збор за кредитни средства што ги плаќаат граѓаните. „Инатот“ околу проектот ги чинел скопјани пари без да добијат услуга.
Извор: Фактор.мк



