Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Традицијата мора да биде предадена

0
By Нова ТВ on November 15, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постер на Марија Тодосовска, учесничка во проектот

Традицијата мора да биде предадена

Традицијата е цвеќето кое расте, но тоа може да живее само преку промени, преку предавства, преку инвенции.

Зборот традиција извира од латинскиот „tradere“ кој значи „да предадеш“ и „ти си Избраниот што ќе го предаде својот народ“. Родени сме да предаваме – е, па, што! Прво ги предаваме најблиските, а потоа и целото општество – оти тоа е еден нормален процес на јунговска индивидуација. Така думал Јунг, а години потоа и Мелани Реин, светска психоаналитичарка која го кажа токму ова пред еден полн амфитеатар во МАНУ, во мај, годинава. На нејзиното исклучително предавање „Согледби за индивидуацијата“ се говореше за мотивите на предавството низ митологијата. Дали Јуда го предал Исус по своја сопствена волја? – беше само едно од бројните прашањата на кои се обиде да одговори Реин, која пак, без каква било дилема смета дека – традиција доаѓа од „traderе“ (вака вели дури и Википедија).

Да, традицијата е нешто што ќе мора да биде предадено! Во еден миг, Избраниот слушајќи ја песната „Учи ме мајко карај ме“ од татка си, ќе реши да ја отсвири на електричен Гибсон. Или, и воопшто да не ја пресвири, да ја одмине! Пресвируваат само кич уметниците! Младиот македонски уметник се плаши од својата историја како од сениште и се што тој прави е пресвирување на македонштината од 19-тиот век. Македонецот се уште смета дека македонизмот е нужен историцизам. Ах, само кога би знаеле дека културата е нешто што никогаш не се повторува! Зошто? Оти и самата природа никогаш стоотстотно не се повторува себеси. Секој близнак е различен. Традицијата, тоа е цвеќето кое расте, но тоа може да живее само преку промени, преку предавства, преку инвенции!

Кон техницизмот, кон новите светови, по мене збунети Македонци! А за македонството не грижете се дека ќе го изневерите, та ионака тоа секогаш ќе ве следи како верна сенка!

Кој ќе има храброст за миг да ја напушти традицијата, само тој ќе создаде нова! Така создаваа модернистот Рацин, така создаваше и бунтовниот Славко Јаневски кого го лустрираа постхумно, како и сите „комунистички“ уметници! Избрани ќе бидат само оние кои ќе знаат да направат дијалог меѓу старото и новото, а тоа денешните уметници не се. Денешните „вмровци“ сметаат дека традицијата се зачувува само ако се копира, ако се повторува како папагал! За нив Македонија е патолошки музејски експонат. Мртов! Тие се плашат од новото, затоа што им го расипува бизнисот.

А тој што не се плаши да ја напушти традицијата, само него традицијата верно ќе го следи! Што, ќе кажете дека „Ленка“ на Рацин не е во согласност со традиционалната поезија само затоа што е одлика на актуелниот миг? Па, и не е! А, што направивме ние да го опишеме мигот во кој се наоѓаме? Зборот „сегашен контекст“ се уште ни е непознат. Но, јас одам и понатаму! Ајде да го отфрлиме целосно историскиот контекст создавајќи нови вредности. Тоа е чудо кое никој досега не се осмелил да го направи. Ајде, евтиниот „историцитет“ кој ни се сервира да го замениме со сликата на една атавистичка денешница – зарем таа не ви е доволно македонска?

Но, што зборувам? Зарем не е земјава полна со предавници? Предавници има многу. Но, не се сите избрани за да предадат. Има два типа:

Првите грешат. Тие тргнуваат од историјата за да стигнат во сегашноста и малку да чепнат во современоста. Но, како ќе стигнеме до сегашноста ако вечно лелекаме за минатото? Македонски уметници, нашето „романтичарско“ време помина, затоа што Македонија веќе 22 години е самостојна земја! Ах, кога би знаеле дека и самиот Аце се сметал себеси за жител на светот. И кој од вас се осмелил да го освојува светот со својата македонска уметност? И кога сакавме да бидеме отворени, ние бевме затворени! И кога сакавме да бидеме трудољубиви ние бевме само желни за слава во наше село Македонија!

Другите „предавници“- тоа се ретките Избрани – тие тргнуваат прво од сегашноста и не се плашат да бидат современи, а потоа, ако воопшто е потребно, сегашноста ја споредуваат и интерпретираат со минатото. Но, најчесто, тие гледаат во иднината! Рацин беше еден таков прекрасен „предавник“. Тогаш, има ли некој од вас уметници, да биде Избраниот кој ќе посака да ги надмине своите претци? Или само од инает сме „патриоти“, од инает уметникуваме?

Костадин Героски
Авторот е дипломиран архитект

Програмата „Млади промотори на слобода на изразување“ ги поттикнува младите луѓе преку есеи, мултимедијални продукти и кампањи што сами ги осмислуваат да бидат активни граѓани кои се борат за слободата на изразување, а против говорот на омраза, стереотипизирањето и етикетирањето. Авторите на есеите, мултимедијалните продукти и на кампањите се средношколци и студенти кои штотуку стапнуваат на јавната општествена сцена и бараат слободен простор за себе и за своите ставови. Повеќе информации за активностите во проектот може да добиете на http://www.mof.mk/izrazise/

Проектот „Млади промотори на слободата на изразување“, финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), го реализираат НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум. Содржината на текстовите е единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум и на никаков начин не ги рефлектира гледиштата на Европската Унија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.