Published: Sunday, March 22, 2026 13:33
Истанбул: Во експлозија што се случи во населбата Фатих, во европскиот дел на Истанбул, денес се урнаа две згради, а во тек е потрага по две лица за кои се верува дека се заробени под урнатините, јавува Анадолија.
Канцеларијата на гувернерот на Истанбул соопшти дека пет лица се заробени под урнатините и дека две соседни згради се урнале по експлозијата, за која се верува дека е предизвикана од природен гас.
На местото на настанот се испратени бројни екипи од Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби, противпожарни и медицински екипи, стои во соопштението.
Се додава дека досега од урнатините се спасени три лица.




