Триесет и осум луѓе загинаle во синоќешниот пожар во психијатриска болница во Москва.
Спасени се само трјца.
Пожарот избувнал синоќа околу 2 часот по полноќ во невропсихијатриска клиника во селото Раменски.
Се спасиле само тројца – медицинската сестра и двајца од пациентите кои таа успеала да ги извлече.
За време на пожарот во зградата биле 41 лице.
На некои од прозорците немало решетки, а повеќето од пациентите страдале од тешки психички заболувања – сериозни психози, алкохолизам, шизофренија, наркоманија, изјави лекар од болницата.
Гуверенерот на областа, го прогласил 27 април како Ден на жалост.