Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов во изјава за „Локално“ вели дека настапот како независен пратеник е различно од напуштање на парламентарно мнозинство и дел од коалицијата „Можеме“.
-Како пратеник и преседател на Демократскиот сојуз во парламентот настапувам самостојно и со автентични ставови по многу прашања. Настапот како независен пратеник е различно од напуштање на парламентарно мнозинство и дел од коалицијата „Можеме“. Деловникот дава можност пратениците да дејствуваат во пратенички групи или како независни пратеници. ДС е дел од парламентарното мнозибство и таа позиција останува, изјави Трајанов.
За најавите за предвремени парламентарни избори тој вели дека останува на истите ставови кои се однеуваат на тоа дека на власта и е потребен целосниот мандат за да може да ја имплементира програмата.
-Засега се извесни само локалните избори за кои се подготвуваме, меѓу другото и со јавен повик за кандидирање на градоначалници и советници, кои не мора да бидат членови на ДС. Многу далеку сме од парламентарни избори, истакна тој.