Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трајковски: СОС Детско село згрижува 180 дечиња, имаме 86 згрижувачки семејства

0
By Marija Todorovska on March 20, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СОС Детско село – Македонија згрижува 180 дечиња и имаме 86 згрижувачки семејства, претседателот на Управниот одбор, Александар Трајковски, на годишниот настан за доделување признание на најголемите донатори и поддржувачи за 2023 година.

Покровител на настанот беше Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот на државава, Стево Пендаровски. Таа пред присутните рече дека импресивна е листата на сите стопански субјекти, институции, индивидуи, коишто долгорочно ги препознаваат активностите на СОС Детско село и несебично ја нудат својата поддршка.

-Резултатите коишто СОС Детско село ги постигнува при грижата за децата во ризик и нивната поддршка, преку семеен модел за алтернативна грижа за деца, како и преку реализирање програми за социјална превенција, несомнено се темелат и на сесрдната поддршка на пријателите и поддржувачите. Впрочем, сите сме дел од едно семејство во коешто се грижиме за сите членови подеднакво, солидарни и хумани, грижливи и благородни. Посакувам ова семејство да се шири и да расте, истакна Ѓоргиевска.

Националната директорка на СОС Детско село, Јулијана Гапо се осврна на постигнатите резултати во 2023 година и на новите проекти и иницијативи годинава.

– Во 2023 помогнавме на повеќе од 700 деца, млади, родители и згрижувачи. Триста осумдесет и шест деца и нивните родители го продолжија заедничкиот живот со зајакнати вештини за родителство и подобрени услови за грижа на децата. Осумдесет и шест згрижувачки семејства секојдневно ги поддржуваме за да можат да ја дадат најдобрата верзија од себе како родители згрижувачи. Двесте дваесет и три деца и млади без родителска грижа, растат во топол дом и грижливо семејство исполнети со љубов и сигурност. Седумдесет и четири млади во социјален ризик завршија обуки за животни вештини, вработливост и кариерно советување. Дел се стекнаа и со прво работно искуство преку практиканска работа или се вработија и започнаа самостојно да придонесуваат во општеството, рече Гапо.

Таа информираше дека обезбедиле 27 нови згрижувачки семејства.

– Подготвивме програма за специјализирано згрижување бидејќи увидовме дека се зголемува бројот на барања за прием и на деца со попреченост. Обезбедивме обуки за згрижувачи и професионалци од центрите за социјална работа и лобиравме за системски принцип во работата со деца и млади кои претрпеле големи трауми, бидејќи во последниве години навистина имаме големи показатели за тоа дека голем дел од децата имаат трауматични искуства во нивното минато и за да можат да продолжат да живеат како здрави индивидуи, треба голема професионална поддршка и влог од сите засегнати страни, подвлече таа пред присутните.

Заменичката на амбасадорот на Австрија во државава, Барбара Грубер потсети дека СОС Детско село е формирано во 1949 од младиот австриски медицински студент – Херман Гмајнер.

– Денес СОС поддржува деца и млади луѓе без родителска грижа или со ризик дека ќе ја загубат, во 138 земји. Од 2002 е и во Република Северна Македонија, додаде Грубер.

„СОС Детско село“ Елизабета Ѓоргиевска згрижувачки семејства
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.