Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп до ЕУ: Многу сте неправедни кон САД, дојде време за наплата 

0
By Zoran Ivanov on January 26, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од неговото стапување на должноста американски претседател, Доналд Трамп испраќа едноставна порака до Европејците дека е „дојдено време за наплата“. Тој во четвртокот во онлајн обраќање на Светскиот економски форум во Давос порача дека ја сака Европа, но дека Европската Унија се однесува „многу, многу неправедно“ кон САД со својот висок корпоративен данок, со казните за американските технолошки компании и со суфицитот во меѓусебната трговска размена.

– Од гледна точка на Америка, ЕУ се однесува кон нас многу, многу неправедно, многу лошо. Тие не ги земаат нашите земјоделски производи и не ги земаат нашите автомобили, но сепак ни испраќаат автомобили со милиони, рече Трамп.

Според статистичките податоци на ЕУ, блокот во 2023 година остварил трговски суфицит во размената на стоки со САД од 156,6 милијарди евра, но и дефицит од 104 милијарди евра во размената на услуги.

Во врска со неговите предизборни најави за воведување на „универзален данок“ од 10 до 20 отсто за сиот увоз во САД, Трамп порача дека оние што „не произведуваат во Америка, многу едноставно ќе треба да платат данок“ за своите производи.

Сепак според Скот Бесент, кого Трамп го номинира за нов американски секретар за финансии, ова не е закана, туку став од „пошироката преговарачка стратегија насочена кон зајакнување на американската индустрија“.

Трамп ги осуди и истрагите што ги води Европската комисија против технолошките гиганти, како „Епл“, „Гугл“, „Мета“ и „Икс“ за усогласеност со Законот за дигитални услуги на ЕУ, посочувајќи дека тоа се американски компании и Унијата „не треба да го прави тоа“.

 

Трамп, исто така, го повтори својот повик до членките на НАТО за зголемување на трошоците за одбрана „до пет отсто од годишниот БДП“, наместо сегашната цел на Алинејата од два отсто, посочувајќи дека со своите сегашни стапки на издвојување за одбранбените трошоци европските земји се однесуваат „нефер кон САД“.

– Се обидувам да бидам конструктивен затоа што ја сакам Европа, ги сакам земјите од Европа, додаде Трамп, потенцирајќи и дека сака да стави крај на „ужасната“ војна на Русија во Украина.

Американскиот претседател, исто така, ја критикуваше и „долгата процедура“ за издавање дозволи во ЕУ, тврдејќи дека само за да се добие едноставно одобрение од Унијата за некој „голем проект“, потребни се „пет или шест години чекање“.

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард во обраќањето во Давос, исто така, повика на поедноставување на процедурите и отстранување на бариерите во трговијата. Според неа, токму „мрзеливоста“ на Европа и вродената одбивност кон преземање ризици во голема мерка е причина за економскиот пад на блокот.

– Имаме многу средства, но многупати си пукаме во нога затоа што не ја завршуваме работата што ја зацртуваме. Ние не се движиме кон дерегулација и значително поедноставување, рече Лагард.

Таа апелираше на „поедноставување“ на процедурите според моделот на финансиската дерегулација од пред кризата во 2008 година. – Мислам дека овие работи се менуваат и ние треба да ја забрзаме таа промена, додаде Лагард.

Набрзо по ваквите обвинувања, во петокот од Брисел стигна најава дека во рамки на т.н. Компас за конкурентност, што треба да биде промовиран в среда, ЕК планира намалување на бирократијата на ЕУ во досега невидени размери. Планот има за цел рационализација на регулативите, скратување на бирократските процедури и зголемување на флексибилноста.

– Сите европски, национални и локални институции мора да вложат напори без преседан, за да ги поедностават правила и да ги забрзаат административните процедури, се наведува во предлогот.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, исто така, од Давос повика на уривање на бариерите и најави подготвеност за „прагматичност“ во преговорите за трговијата со САД, но и одбрана на интересите на ЕУ.

Сепак, прифаќањето на барањата на Трамп би значеле дополнителни трошоци за ЕУ, за што не е едноставно да се обезбедат средства особено во услови кога „не цветаат рози“ во двете најголеми европски економии – Германија трета година по ред се соочува со рецесија, а и економските перформанси на Франција не се значително подобри.

Ваквата состојба се должи на фактот што во последните 25 години европската економија се потпираше на евтина енергија од Русија. Но, од почетокот на руската агресија врз Украина пред три години таа се насочи кон ослободување од енергетската зависност од Русија и изнаоѓање алтернативни извори на енергија што доведе до зголемени трошоци.

Според последните податоци, ЕУ бележи значителен раст на увозот на енергенси од САД, пред се на течниот природен гас (ЛНГ), а впрочем и едно од барањата на Трамп кон блокот е да троши повеќе американски горива.

Со ова, според економски експерти, ЕУ се доведува во позиција руската енергетска зависност да ја замени со американска.

 

трамп еу наплата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
ФОКУС

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

ВЕСТИ October 4, 2025

Наместо правда и целосна одговорност сведоци сме на пропусти и прикривање. Правдата важи само за…

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025

Откако Хамас се согласи да ослободи заложнициТрамп го повика Израел веднаш да запре со бомбардирањето на Газа

October 4, 2025
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.