Трамп го предупреди рускиот претседател Владимир Путин брзо да ја заврши војната во Украина или да се соочи со „високи нивоа на даноци, царини и санкции“.
Трамп денеска на платформата Truth Social ги засили своите критики кон Путин и на руската економија, предупредувајќи ја Москва дека ситуацијата ќе се влоши ако војната не заврши наскоро.
Не сакам да ѝ наштетам на Русија. Го сакам рускиот народ и отсекогаш сум имал многу добри односи со претседателот Путин – и покрај измамата „Русија, Русија, Русија“ на радикалната левица. Никогаш не смееме да заборавиме дека Русија помогна да победиме во Втората светска војна, губејќи речиси 60 милиони животи во тој процес, напиша Трамп.
Имајќи го сето ова на ум, ќе ѝ направам на Русија, чија економија е во колапс, и на претседателот Путин, огромна услуга.Доколку не постигнеме договор наскоро, нема да имам друг избор освен да воведам високи даноци, тарифи и санкции за сè што Русија ќе им продаде на Соединетите држави и на разни други земји учеснички.
Да ставиме крај на оваа војна, која никогаш немаше да започне да бев претседател! Можеме да ја решиме на лесен или на потешкиот начин – и на лесен начин е секогаш подобр, напиша Трамп.