САД престанаа да издаваат пасоши означени со „Х“ за полот на луѓето кои се идентификуваат како трансродови.
Ова е направено врз основа на указот на претседателот Доналд Трамп потпишан на првиот ден од неговиот мандат, соопшти Стејт департментот.
Стејт департментот повеќе не издава американски пасоши со ознака „Х“ и обработката на барањата за пасоши со таа ознака е прекината.
Во понеделникот, на денот на неговата инаугурација, Трамп потпиша извршна наредба со која наредува неговата администрација „да го признае постоењето на само два пола дефинирани при раѓањето“.
Од денес натаму, официјалната политика на американската влада ќе биде дека има само два пола – машки и женски, рече Трамп во Вашингтон.