Израелскиот министер за одбрана Израел Кац и нареди на војската да подготви план што ќе им овозможи на жителите на Газа доброволно да ја напуштат палестинската енклава, објави неговиот кабинет.
Во соопштението се вели дека Кац го поздравил „храбриот план на американскиот претседател Доналд Трамп“, кој може да „овозможи голем дел од населението во Газа да оди на различни места низ светот.
Хамас ги користеше жителите на Газа како жив штит и изгради терористичка инфраструктура таму, а сега ги држи како заложници, изнудувајќи им пари користејќи хуманитарна помош и спречувајќи ги да ја напуштат Газа, се вели во соопштението.
Кац рече дека и наредил на армијата да подготви план според кој секој жител на Газа кој сака може да емигрира на кое било место што ќе се согласи да го прифати.
На жителите на Газа треба да им се дозволи слобода да заминат и да емигрираат, како што е рактика насекаде во светот, рече Кац.