Американскиот претседател Доналд Трамп ја посети Калифорнија за да го види пустошот од пожарите што ја зафатија областа Лос Анџелес и кои уште продолжуваат да предизвикуваат хаос.
Слетувајќи на асфалтот во Лос Анџелес, Трамп беше пречекан од демократскиот гувернер Гевин Њусом, чест „спаринг партнер“ со кој во оваа пригода имаше попомирувачки тонови.
Како да е погодена од бомба, рече Трам кога одблизу го виде опожарениот предел во Лос Анџелес.
Не може да има Златна ера без Голден Стејт, му рече Трамп на гувернерот. Тоа е одлична држава. Тоа е фантастично место.
Њусом му рекол на Трамп: дека на калифорнија ќе и треба неговаа помош.
Бевте тука за нас за време на „Ковид“, рече тој. „Не го заборавам тоа и ги имам сите очекувања дека ќе можеме да работиме заедно за да го добиеме ова брзо закрепнување“.