Соединетите Држави нема да продолжат со воведување царини за Колумбија откако земјата се согласи да ги прифати депортираните илегални мигранти, соопшти Белата куќа.
Доналд Трамп нареди царини од 25% за сите колумбиски стоки откако колумбискиот претседател вчера забрани слетување на воените авиони со мигранти депортирани од САД. Колумбискиот претседател Густаво Петро првично нагласи дека неговата земја ќе ги прифати депортираните во „цивилни авиони, без да ги третира како криминалци.
Во соопштението на Белата куќа се вели дека Колумбија сега се согласила да ги прифати мигрантите кои пристигнуваат со американски воени авиони „без ограничувања или одложувања“.
Колумбија истакна дека Вашингтон се согласил да ги третира репатрираните граѓани достоинствено.