Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп прогласи „повторно будење“ на „воинствениот дух“ и даде цврста поддршка за армијата: „Јас сум зад вас“

0
By Zoran Ivanov on September 30, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска им порача на високите воени лидери дека ја имаат неговата непоколеблива поддршка, додека тој настојува да го оживее „воинствениот дух“ во американската војска.

Трамп ја пренесе својата, како што ја нарече, „многу едноставна“ порака на Универзитетот на маринците во базата Квантико, во Вирџинија.

Ние сме тим. Мојата порака до вас е многу едноставна: Со вас сум, ве поддржувам и како претседател, зад вас стојам 100 проценти, нагласи тој.

Трамп се повика на генерали како Џорџ С. Патон, Омар Бредли и Даглас Макартур, истакнувајќи дека „заедно го разбудуваме воинствениот дух“.

Тој нагласи дека морнарицата, воздухопловните сили и вселенските сили ги исполниле или надминале своите регрутни цели, „за разлика од тешкотиите во регрутирањето за време на администрацијата на Бајден‘. Тој најави промени што неговата администрација ги воведува во армијата.

Повторно го враќаме фокусот на физичката подготвеност, способноста, карактерот и силата, рече Трамп. „Целта на американската војска не е да ги штити чувствата на луѓето, туку да ја штити нашата република“.

Тој ја критикуваше, како што ја опиша, тенденцијата кон политичка коректност на сметка на заслугите во армијата и нејзиното раководство.

Хиерархијата на нашата земја не беше направена според заслуги, туку за политичка коректност. И никогаш нема да бидеш голем ако го правиш тоа, изјави Трамп.

– Нема да бидеме политички коректни кога станува збор за одбраната на американската слобода. Ќе бидеме борбена и победничка машина, продолжи тој.

Сакаме да се бориме, сакаме да победуваме и сакаме да се бориме што е можно помалку, нагласи американскиот претседател.

 

армија будење воинствен Дух поддршка трам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

ВЕСТИ October 2, 2025

Десетици илјади демонстранти маршираа низ улиците на француските градови денес, послушајќи го повикот од синдикатите…

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025

Стармер го прекинува престојот во Данска – Итно се враќа во Велика Британија поради нападот во Манчестер

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.