Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп-Путин: Прекрасна средба со многу нијанси на сиво

0
By Светлана Јовановска on July 8, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Имавме прекрасна средба”, изјави утринава американскиот претседател Доналд Трамп зборувајќи за својот вчерашен прв состанок со неговиот руски колега Владимир Путин.

Оваа куса изјава во “твитерскиот” стил на Трамп за “прекрасноста” на средбата, мора да биде нијансирана со брифинзите на руската и американската делегација дадени вчера во Хамбург на присутните новинари.

Според шефот на американската дипломатија Рекс Тилерсон, разговорот помеѓу двајцата лидери бил “многу долг и многу енергичен” околу сомнежите за руско мешање во американските претседателски избори. Рекс Тилерсон додаде дека рускот мешање е “значајна пречка” во односите на двете земји.

Трамп, според Тилерсон, повеќе пати го споменал ова руско мешање во разговорот со Путин а Русинот тоа го демантирал.

Руската делегација има друга верзија на истиот настан. За Москва Трамп ги прифатил руските деманти:

“Претседателот Трамп рече дека ги слушнал јасните деманти на Путин кој рече дека сето ова не е вистина и дека руските власти не се мешале во изборите во САД. Трамп го прифати овој демант”, рече рускиот колега на Тилерсон, Сергеј Лавров.

Во САД се во тек повеќе истраги за врските на Трамп во Русија во текот на изборната кампања па така, ветувањата на Трамп за нормализирање на односите со Русија никако не успеваат да се реализираат. Вчерашната средба на двајцата лидери во Хамбург беше можност да се “испеглаат” разликите но досега не може да се тврди дека тоа навистина се случило.

НАТО

И други теми се проблематични во руско-американските односи. За нас се најважни разликите помеѓу двете земји околу НАТО.

За Москва секое проширување на НАТО е знак на агресија кон Русија и оваа земја постојано повторува дека оваа политика не само што не и одговара туку е и опасна бидејќи, според Москва, ова проширување е напад врз Русија. Во текот на изборната кампања во САД Трамп зборуваше за НАТО како за застарена институција но, кога стапи на власт, тој го смени тонот. Во мај во Брисел Трамп изјави дека НАТО “мора да се фокусира врз руската закана”.

Сирија, Украина, Северна Кореја

Другите теми околу кои Вашингтон и Москва имаат сериозни разлики во ставовите се Сирија, Северна Кореја и Украина.

Околу Сирија вчера дојде до договор со прекин на оган во оваа земја кој стапува на сила утре.

Но Украина се чини е “потежок” случај. САД ја обвинуваат Русија дека ги поддржува сепаратистичките бунтовници на истокот на Украина па Вашингтон ги продолжи санкциите против Москва на 20 јуни.

Кремљ од своја страна демантира било каква воена поддршка на овие бунтовници. За Москва овие санкции се всушност “скриен протекционизам”.

Трамп вети “остар” одговор до Северна Кореја и нејзиниот диктатор во Пјонгјанг, кој се заканува со нуклеарно оружје кое може да стаса со Аљаска. САД сакаат да воведат нови построги санкции против овој режим и не исклучуваат и употреба на воена сила. Но Русија веќе предупреди дека ќе се спротиви на било кој предлог за санкции. Путин го повика Трамп да “остане ладнокрвен” во оваа криза.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.