Доналд Трамп изјави дека утре, на неговиот прв ден на функцијата, ќе потпише извршна наредба со која ќе ѝ се овозможи на кинеската социјална мрежа „ТикТок“ привремено да продолжи да работи во САД, истовремено сугерирајќи дека американската влада би можела да преземе делумна сопственост на социјалната мрежа.
Во објава на „Трут соушал“, неговата сопствена социјална мрежа, Трамп рече дека „нема да дозволи „ТикТок“ да остане во темнина“ откако ќе ја преземе функцијата утре.
Апликацијата од вчера повеќе не е достапна за Американците поради законот за забрана поради „загрозување на националната безбедност“, кој беше усвоен лани.
Со тоа го зачувуваме „ТикТок“ во добри раце и му дозволуваме да го каже своето. Без одобрение од САД, не постои „ТикТок“. Со наше одобрение, тој вреди стотици милијарди долари – можеби билиони, напиша Трамп.