Васил Атанасовски: Во Скопје постои повеќедецениски проблем на неколгодишно каснење на изградбата на згради наменети за домување на штета на купувачите на станови во тие згради.
Иако купувачот потпишува договор за купопродажба со инвеститорот во кој е пропишан и рок за примопредавање на купениот стан заради вообичаеното каснење на градбата купувачите се принудени да чекаат со години за да можат да го остварат своето станарско право.
Иако овој проблем со каснењето на градбите е познат во јавноста, чудно е зошто надлежното Министерство за урбанизам не донеси законска регулатива според која инвеститорите ќе мора да ги почитуваат роковите според добиено одобрение за градење. Во случај на неисполнување на рокот треба да постои клаузула на одземање на лиценцата за градење како што е случај во европските земји.
Извор: Фејсбук



