Јована Тренчевска: Нешто за апсурдната Резолуција на дпмне и нивните приврзоци!
Со самото тоа што резолуцијата е насочена кон „осуда на опозицијата“, Собранието за нив е алатка за партиска пресметка, политичко етикетирање и дисквалификација на секое критичко мислење.
Замислете Резолуција во Домот на демократијата, со која власта ја осудува опозицијата оти се спротивставува на нејзините политики и ги открива скриените намери на власта?
Суетата која секојдневно им расте и станува токсична им вели: опозицијата ќе седи во собраниските клупи, ќе молчи и нема да зборува, најмалку па да критикува, оти власт е дпмне!
Небулоза!
Ама тие мислат дека напишале ремек дело!
Доставуваат резолуција која е правно конфузна, против уставна и надвор од надлежностите на Собранието!
Ама се истрчаа за да ја достават!
Вака напишана е доказ дека правниот тим во дпмне нема капацитет еден документ да напише правно издржан, а не држава да води!
Извор: Фејсбук



