Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска – Саити: Ќе ја продлабочиме соработка во интерес на граѓаните

0
By Ivana on February 2, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во интерес на граѓаните Министерството за труд и социјална политика во наредниот период ќе ја продлабочи соработката  со Црвениот крст, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната средба со претседателот на Црвениот крст Саит Саити.

На работниот состанокот беа разгледани досегашните и идни заеднички проекти, како што се едукација на возрасни за лична асистенција на лица со попреченост и за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.

„Министерството за труд и социјална политика и Црвениот крст на Република Северна Македонија се партнери во тригодишниот проект ,,Поддршка на инклузивниот развој на услуги во заедницата за долготрајна нега преку вклученост на повеќе чинители (InCARE)“, поддржан од Европската Унија преку програмата „Вработување и социјални иновации – ЕаСИ“. Со  овој проект го подобруваме пристапот до соодветна и прифатлива нега за старите лица кои заради когнитивни или функционални нарушувања имаат потреба од нега“, рече министерката Тренчевска.

Таа посочи дека и со услугата наречена „Итно копче“ корисниците на лесен и ефективен начин би можеле да добиваат помош при итни случаи и во домот и надвор, доколку има потреба од итна медицинска помош.

Според Саити соработката на Црвениот крст со МТСП  е клучна во остварувањето на мисијата на организацијата. Тој информираше дека проектот  лична асистенција за лицата со попреченост и помош на старите лица кое го води МТСП, на терен успешно се спроведува.

„Во моментов работиме на поддршка на лицата со попреченост  преку личната асистенција, а проектот  нега на старите лица солидно се шири меѓу граѓаните.  Оваа услуга засега се спроведува во 8  до 9 општини, а дополнително со поддршка од Светска банка услугата на граѓаните им ја овозможувам уште во  7 до 8 општини. Услугата е многу добро прифатена“, рече Саити.

Двајцата соговорници се согласија дека Министерството за труд и социјална политика и Црвениот крст несебично се вложуваат во процесот за подобрување на состојбите на лицата на кои помошта им е најпотребна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.