Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трендафилов: Ние ќе се бориме за вашите плати ама мора да почнете да се бпорите и вие

0
By Zoran Ivanov on March 7, 2026 ВЕСТИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 7, 2026 08:51

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави голем работнички протест кој ќе се одржи на 14 март со почеток во 12:05 часот. Протестниот марш ќе започне пред Работничкиот дом, а ќе продолжи кон Собранието, Стопанската комора и Владата.

Од Синдикатот велат дека барањата се јасни – зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари.

Од ССМ нагласуваат дека законското усогласување од 1.667 денари е недоволно, особено во услови кога трошоците за живот само во јануари и февруари 2026 година се зголемени за повеќе од 2.000 денари.

Според податоците од Управата за јавни приходи, рече Трендафилов, една третина од вработените во државата земаат плата под 30 000 денари, и затоа, тој нагласи дека масовноста е клучна за исполнување на барањата.

„Изминатите денови видовме како власта, за да не ги зголеми работничките плати, се обиде да спинува дека ќе ги намали функционерските плати, но реалноста е дека за еден час, сите сложно изменија шест закони со кои си ги бетонираат нивните високи плати и со тоа покажаа дека тие се грижат само за себе, а не и за вас“, рече Трендафилов обраќајќи им се на работниците.

Бидејќи 14 март е неработен ден (сабота), од Синдикатот порачуваат дека никој нема изговор за отсуство. За работниците од внатрешноста ќе биде организиран бесплатен превоз, за што деталите ќе бидат објавени во наредните денови.

„Оваа година 1 мај се паѓа на 14 март. Секој што нема да излезе на улица, индиректно дава поддршка на политиката на ниски плати“, вели Трендафилов и додава дека ССМ ќе се бори за повисоки плати за сите работници, но и дека мора работниците и самите да почнат да се борат.

Тој ги отфрли обвинувањата за политичка заднина на синдикалните активности нагласувајќи дека ССМ нема да дозволи собирање политички поени на грбот на работничката мака.

Фото: Слободен печат.мк

борите работниците трендафилов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 12, 2026Updated:April 12, 2026

Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение

ВЕСТИ April 12, 2026

Православните христијани утре го одбележуваат Велигден – празникот на Христовото воскресение, кој се смета за…

По 1.117.515 километри и круг околу Месечината НАСА го спушти Орион на Земјата

April 11, 2026

Руте: Трамп е во право за Гренланд

April 9, 2026

Стартува новиот систем за влез во ЕУ – од утре повеќе чекање на нејзините граници

April 9, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.