Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска-ДиЏовани: МТСП ќе ги забрза реформите, особено во јакнење на капацитетите на социјалните работници

0
By Ivana on March 8, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Министерството за труд и социјална политика ќе ги забрза реформите, особено  во  јакнење на капацитетите на социјалните работници, изјави ​министерката Јованка Тренчевска која  денеска оствари протоколарна средба со претставничката на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, Патриција ДиЏовани.
На средбата двете соговорнички отворија прашања од областа на детската и социјалната заштита, заштита на децата од насилство, инклузивноста на детските градинки.
„Ќе работиме заедно на обуките за јакнење на капацитетите на социјалните работници за да можат поуспешно да ја спроведуваат активација преку која ранливите групи граѓани ќе излезат од системот на социјална заштитабидејќи. Секоја поддршка и вклученост на УНИЦЕФ како наш партнер е многу значајна. Во тој дел добредојдени ќе ни бидат и анализите, истражувањата, еваулацијата која ја прави УНИЦЕФ бидејќи тие ќе ни покажат како да одиме понатаму, односно што е она што можеме да го промениме во законите, преку правилник за принципот на работа на Центрите за социјална работа“, рече министерката Тренчевска.
Претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани посочи дека истражувањата и анализите покажуваат дека пристапот до квалитетни програми за ран детски развој и учење се битни во образовниот успех како и за благосостојбата, вработливоста и социјалната интеграција. Таа порача дека Министерството и Владата и понатаму ќе ја имаат поддршката на УНИЦЕФ.
Теми на денешната  средба, беше и процесот на деинституционализацијата, за кој министерката Тренчевска нагласи дека е особено горда, бидејќи наместо во големи и гломазни институции, децата сега се сместени во мали групни домови, во кој владее атмосфера налик на семејната. 
„Ќе продолжиме со јакнење на капацитетите на тимовите кои работат во малите групни домови, се со цел кога ќе излезат  од нив, лесно да се вклучат во општествениот процес. Целиот процес е навистина за почит. Исто така треба да јакне и капацитететот на воспитниот кадар за работа со децата со попреченост во детските градинки, бидејќи ниту едно дете не треба да биде оставено на страна. Со инклузивноста сите деца се заедно уште од претшколска возраст. Така кај останатите деца ја будиме  емпатијата и прифаќањето на различностите. Целта ни е од мали нозе да нема стереотипи и предрасуди во текот на целиот образовен процес“, рече министерката Тренчевска.
Министерката Тренчевска посочи дека Министерството и Владата се посветени и на искоренување на сите облици на насилство врз децата и дека во нареднот период со заеднички кампањи ќе се промовира згрижувачкото семејство, како еден од најхуманите облици за згрижување на деца.
На средбата двете соговорнички разговараа и за  утрешната конференција „Интеракцијата помеѓу благосостојбата на детето и академските достигнувања“.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.