Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трескавец ќе добие интензивна заштита, проект за конзервација на црквата „Успение на Пресвета Богородица“

0
By Sashko on August 28, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Манастирот Трескавец ќе добие интензивна заштита со програмата за наредната година и проект за конзервација на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, што подразбира ангажирање домашни и странски експерти, најавува научниот советник, археологот Бранко Ристески од прилепскиот Институт за старословенска култура.

Македонските научници пред три месеци на конференција за заштитата на културното наследство, преку примерот на светско признатото културно богатство – манастирскиот комплекс Трескавец, предупредија и алармираа дека комплексот итно треба да се заштити, особено Црквата која е во опасност од подземните води и временските неприлики.

„Завршниот сегмент на работилницата на крајот на мај, токму во манастирот Трескавец, беше оформување тело кое би ги актуализирало проблемите со кои се соочува Трескавец, а тоа значи севкупната заштита на културното наследство. МАНУ писмено се обрати до Владата, особено до Министерството за култура и до МПЦ. Стигна повратен одговор дека овие институции целосно ќе се стават во заштитата на културното наследство на комплексот Трескавец. Од Министерството за култура се добиени гаранции дека во програмата за наредната, 2023 година, едно од централните места ќе заземе заштитата на манастирот, особено црквата  „Успение на Пресвета Богородица“, што подразбира изработка на проект за конзервација со ангажирање на домашни и меѓународни експерти, како и заштитата на античкиот локалитет и заокружување на сознанијата за античката населба Колобаиса“, објаснува Ристески.

Тој додаде дека Институтот подготви предлог проект за доистражување на материјалните остатоци од античката населба Колобаиса во функција на изработка на проект за конзервација на досега откриените остатоци, а кое вели, ќе има големо значење во заштитата на комплексот од пожари и непогоди. 

Сериозно се сфаќаат гаранциите на институциите, во спротивно, посочува Ристески, би било срам пред светот неповратно да се загуби ова бесценето културно наследство.

„Сакаме да веруваме дека најповиканите и најкомпетентните институции по три месеци од одржувањето на научната конференција соодветно реагираат. Во овој период најсоодветно што може да се направи е планирањето за наредната година, интензивирање на активностите. Оваа година се смета за подготвителна за севкупните и обемни зафати за 2023 година. Сите сме сведоци, дури и оние кои не се експерти, дека постои сериозна закана за уништување, особено на манастирската црква „Успение на Пресвета Богородица“, па и на другите културни содржини. Состојбата е несомнено алармантна, без поголеми анализи. Ова е можеби последен момент кога може нешто посериозно да се направи. Од тие причини сум уверен дека не се само празни зборови, бидејќи за година-две ќе имаме ситуација која ќе биде за срам на целата општествена заедница, бидејќи несомнено имаме обврска да го заштитиме ова културно наследство кое спаѓа во светската културна оставнина. Многу е реално и извесно да падне и да се урне црквата. Има услови за девастација, почнувајќи од подземните води, ерозијата на теренот од временските услови и непогоди. Сето е евидентно и за лаиците, а камоли за стручните лица“, вели археологот Ристески, научен советник во Институтот за старословенска култура од Прилеп.

Како културен комплекс Трескавец е од 12 век, а архелошките остатоци упатуват на милениумски континуитет на културно-социолошко наследство од Пелагонискиот регион.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
ФОКУС

Макрон го назначи Себастијен Лекорњу за новиот премиер на Франција

ВЕСТИ September 9, 2025

Елисејската палата вечерва соопшти дека францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорњу е именуван за нов…

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

September 5, 2025

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.