Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трета среќа за Законот за антикорупција

0
By Соња Петрушевска on January 16, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новиот Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси е доставен до Собранието овојпат со европско знаменце и скартена постапка.

Законот беше повлечен најпрво по барање на европските експерти кои побараа да се интервенира во одредени делови за да се зајакне независноста на антикорупциската комисија. Вториот пат беше повлечен откако пратениците на ВМРО ДПМНЕ поднесоа десетици амандмани,и власта тврдеше дека со тоа практично ќе се оневозможи донесувањето на Законот пред претседателските избори.

Опозицијата  е против новите ингеренции кои сега ги добива антикорупциската комисија – да има увид во банкарски сметки и во сметките на политичките партии. ВМРО ДПМНЕ е на став дека со вакви ингеренции антикорупциската комисија ќе се претвори во тело за политички реваншизам.

ДКСК е нефункционална цели 10 месеци откако оставки поднесоа пет членови на Комисијата поради наводите за ненаменско трошење на буџетски средства од нивна страна. Јавното обвинителство на Република Македонија објави дека скопското Основното јавно обвинителство оформи предмет по допрен глас ​за трошењето на буџетски средства од страна на членовите на ДКСК.

Со новото законско решение се зголемуваат и критериумите за избор на членовите и претседателот на комисијата. Членови на Антикорупциска повеќе нема да можат да бидат оние кои во изминатата деценија биле пратеници, членови на Владата или функционери во органите на политичка партија, а не ќе можат да се кандидираат ниту донатори на некоја политичка партија.

Познат профилот на идните антикорупционери

Според Предлог законот, антикорупционерите ќе имаат пристап до сите податоци што за функционерите ги има  УЈП, МВР, Фонд за пензиско, Катастарот, Берза, Народната банка и до сите банкарски сметки.

Антикорупциска ќе ги следи  промените на имотите на функционерите и по завршувањето на нивниот мандат, ќе ги проверува сомнителните партиски вработувања и доделените грантови на блиски луѓе на политичарите.

Тие ќе имаат право и да ги повикуваат на разговор лицата против кои се води постапката, но да користат и надворешни експерти.

Еден член на Комисијата ќе биде номиниран од Народниот правобранител, еден претставник од Советот за соработка меѓу владата и граѓанскиот сектор за областа Демократија и владеење на правото, член од Советот за соработка меѓу владата и граѓанскиот сектор за областа Медиуми и информатичко општество и по двајца пратеници од власта и од опозицијата. Комисијата потоа листата на кандидати ја доставува до собраниската Комисија, која ќе му ги предложи на Собранието да ги избере.

За тоа дали овие измени ќе можат да поттикнат ефикасна борба против корупцијата, од разговорот на НОВА со Драги Малиновски, поранешен член на антикорупциската комисија.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.