Македонскиот филм „Трето полувреме“ завчера ја имаше својата презентација на маркетот, која беше одржана во киносалите „СинемаХ“ на Потсдамер плац, на Берлинслиот филмски фестивал, пишува Утрински весник.
Според продуцентот Роберт Насков, презентацијата поминала добро, биле присутни поканетите гости и нагласил дека филмот добил понуда за дистрибуција од Бугарија.