Трето полувреме на вчерашниот натпревар помеѓу Пелистер и Вардар. Хаос во Битола предизвикан од навивачите на домашниот тим, познатата група Чкембари.
Според информациите, цел на Чкембарите биле автомобили со скопски регистарски таблички, а потоа тие се судриле и со полицијата, која ја нападнале со камења и други тврди предмети.
Полицијата одговорила на нападот, што резултирало со повредени навивачи како и со повредени припадници на полициската служба.
Вчера дербито на стадионот „Тумбе кафе“ мина мирно, пред се поради неприсуството на навивачите на Вардар, Комитите, кои поради одложувањето на дербито се откажаа од организирано гостување во Битола, иако за неделата кога првично беше закажан терминот за мечот, подготвуваа собир од над илјада приврзаници на црвено-црните.