Зимата и недостатокот на сонце си го направиле своето и тревниците во кинескиот град Ченгду, впрочем како и во многу други градови, ја изгубиле својата свежина и здрава зелена боја.
Локалните власти се досетиле да ги освежат зелените површини, па одлучиле да ги испрскаат тревниците со зелена боја.
Иако тврдат дека бојата е безопасна, локалните жители спротивставиле против овој вид на разубавување. Тврдат дека бојата останува на чевлите, а кога децата си играат во тревата можат да дојдат во контакт со хемикалии.
Тревата не е коса, па да може се бојадисува како што на некој ќе му падне на ум – револтирани се жителите на кинескиот град.