Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трговците од Струмичко стравуваат од недостиг на домати и краставици, производството e преполовено

0
By НОВА ТВ Balaban on June 23, 2022 ЕКОНОМИЈА
Фото: denar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Трговците и извозниците од Струмичко стравуваат дека во јули и август ќе бараат килограм повеќе домати и краставици, бидејќи производството на овие две градинарски култури од година во година постојано се намалува, а во оваа производствена сезона тоа е преполовено.

Според трговецот Благој Витанов од компанијата „Империјал фруит“ таквата состојба е карактеристична за последните неколку години и се должи на сменетата структура на градинарското производство.

– Високите откупни цени, но и изгор цените на пазарите на мало, ќе се должат на драстично намаленото производство. Пред неколку години а и лани, во текот на летото, доматите и краставиците се откупуваа по 60-70 денари за килограм, а така ќе биде и годинава. Јас стравувам дека заради тоа, ќе нема за извоз, а доматите и краставиците ќе се пласираат на домашниот пазар, но по високи цени, бидејќи градинарите произведуваат количини доволни за нашиот пазар, смета Витанов.

Додава дека намалувањето на производството на доматите и краставиците се должи на зголемените трошоци за нивно одгледување и затоа градинарите се ориентираат на производство на зелка и црвена пиперка за кои не треба поголема инвестиција.

-Во услови кога драстично е намалена понудата која не може да ја задоволи побарувачката, тогаш е нормално да има повисоки цени и затоа односот меѓу понудата и побарувачката е единствениот механизам која ја определува цената, рече Витанов.

Инаку, во Струмичко се задржува трендот на откуп на градинарски култури по растот на цените од пред неколку денови. Доматите се откупуваат за 40 денари за килограм, пиперките 40, а краставиците од 10 до 30 денари за килограм.

струмичко трговците
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.