Израелските сили презедоа три израелски жени – Дорон Штајнбречер (31), Емили Дамари (28) и Роми Гонен (24) – кои беа држени од Хамас во Газа.
Тие се првите кои се враќаат според првата фаза од договорот за прекин на огнот, кој треба да трае 42 дена.
Трите повратнички моментално се придружувани од елитната единица на ИД и безбедносните сили Шин Бет на враќање во Израел, каде што ќе им биде извршена првична медицинска евалуација. Командантите и војниците на ИД ги почитуваат и ги пречекуваат повратниците на нивниот пат кон Израел, напишаа на „Х“ израелските одбранбени сили – IDF.
Првата фаза од договорот предвидува враќање на вкупно 33 заложници од Газа и ослободување на стотици палестински затвореници.
Се очекува да бидат ослободени 90 палестински затвореници од израелските затвори.